Чао Торино! Се гледаме догодина на Евросонг! – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/21 2:28 PM

Чао Торино! Се гледаме догодина на Евросонг!

Со победата на групата Манескин во мај во Ротердам, Италија стана следниот домаќин на престижното натпреварување за избор на најдобра песна на Евровизија, а сега е донесена и конечна одлука во кој град од оваа земја ќе се одржи натпреварот.

Евровизија 2022 ќе се одржи во Торино. Како што и официјално е објавено на Твитер, првата полуфинална вечер ќе се одржи на 10 -ти мај, а втората на 12-ти. Финалето пак, е закажано за 14-ти мај.

Торино е третиот италијански град кој ќе биде домаќин на Евровизија, откако во 1965-та година оваа манифестација се одржа во Неапол, а потоа во 1991-та во Рим.

Организаторите соопштија дека Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи на Олимпискиот стадион во Торино.