Вечерва, 8 октомври, се очекува волшебен дожд од ѕвезди што паѓаат-Дракониди. Погледнете во небото и замислите си желба. Дождот од метеори е нешто величествено и волшебно. Кога небото ќе плисне ѕвезден огномет, имаме силни емоции затоа што присуствуваме на магичен момент кој, покрај тоа што е убав, според верувањата, може да привлече и остварување на желбите.
Метеорскиот дожд Драконида се очекува меѓу 6 и 10 октомври, а најдобра ноќ за набљудување на ѕвездите е денеска, 8 октомври. Овој феномен, некогаш се нарекувал Ѓакобиниди, а најдобро е да го набљудувате после полноќ или рано наутро на темно место и на отворено небо.
Метеорскиот дожд имаше вистински спектакл на небото во 2011 година кога можеа да се видат повеќе од 600 метеори на час. Тоа е последениот пат кога можеше да се види ваков дожд поради бавниот и слаб блесок.
Годинава дождот од метеори се појавува во близина на младиот Месец кој го осветли небото на 6 октомври, а во отсуство на силна месечина, повеќе метеори можат да бидат видливи на ноќното небо.
Иако не е сигурно дека ќе се видат ѕвезди што паѓаат, секако вреди да се проба. Загледајте се во темното небо и негувајте ги во тој момент позитивните мисли. Размислувајте за остварување на желбите, посакајте нешто, визуелизирајте, а кога ќе видите ѕвезда што паѓа, задолжително пoмислите желба која сакате да ви се реализира. Важно е се сочувате себе си, за енергијата да не се распадне. Ако искрено верувате, дождот од метеори може да стане вашиот среќен и волшебен момент за остварување на желбите.
Извор: kurir.rs