Има 38 години и останала без сите заби: Џесика преку видеа со поддршка за сите со сличен проблем – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/21 10:23 AM

Има 38 години и останала без сите заби: Џесика преку видеа со поддршка за сите со сличен проблем

Џесика е мајка на четири деца,која на само 38 години останала без сите заби бидјеќи немала доволно пари за лекување. Сега преку социјалните мрежи споделува информации за нејзината протеза и сака да ги охрабри сите кои се наоѓаат во слична ситуација.

Џесика секојдневно објавува видеа на кои покажува како ја става протезата и ги поттикнува и другите да не се срамат доколку и тие се со протеза.

@thequeenofcorn

Reply to @musicfillsmysoul #healingjourney #newteeth #newsmile #denturejourney #dentureconfidence #itcanbescary #wegotthistogether

♬ Surrender (Originally Performed by Natalie Taylor) – Piano Karaoke Version – Sing2Piano

„Овде сум само да ги инспирирам другите и да им помогнам да изградат самодоверба околу протезите“, вели Џесика во едно од своите видеа на ТикТок каде што ја следат над 320 000 луѓе. Освен практичните видео записи, таа нуди и поддршка за другите кои го имаат истиот проблем.

„Ова не е лесно патување, а за вас за кои е лесно, само запаметете дека имате среќа“, додава Џесика која во иднина планира да вгради импланти.

@thequeenofcorn

Strangers can NOT be trusted!🤣 #notetoself #PSA #glue #dentureconfidence #normalizedentures #dontdoit

♬ Spongebob Tomfoolery – Dante9k Remix – David Snell

Планирам да вградам импланти, но многу сум загрижена поради зафатот. Тоа постојано го одложувам и одложувам – признава таа.

Корисниците кои ја следат веќе и изразија поддршка – пишува The Sun.