Дваесетгодишна девојка, чиј идентитет не е познат, во понеделникот во националниот парк Јелоустон-САД, скокнала во гејзер со температура од околу 90 степени целзиусови, по што е пренесена во болница со тешки повреди. Успеал да ја извлече од водата нејзиниот татко, а според службите на паркот, девојката се здобила со опекотини од петти степен, од петици до глава. Таа сакала да го спаси своето куче, кое скокнало од автомобил во врелата вода. И тоа било извлечено од термалните извори, но мртво.
Според податоците од службите во паркот, во Јелоустон има околу 10.000 хидротермални извори од кои 500 се гејзери. Досега во овој национален парк умреле повеќе од 20 лица при влез или пад во термалните извори.
Woman in Critical Condition After Jumping in Yellowstone Hot Spring Trying to Save Dog https://t.co/KP3QC4grQO
— NBCWashington (@nbcwashington) October 7, 2021
Извор: kurir.rs