(Видео) Маж со пластичен пиштол се шетал низ Аеродром, полицијата го привела – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/21 11:18 AM

(Видео) Маж со пластичен пиштол се шетал низ Аеродром, полицијата го привела

Мажот кој утрово со пиштол се шеташе низ ТЦ „Бисер“ во населбата Аеродром во Скопје е приведен.  Мажот бил со здравствени пробелми и со пластичен пиштол.

-Денеска, околу 09.20 часот полициски службеници од Полициска станица Аеродром, постапувајќи по претходна пријава, во трговски центар на подрачјето на Аеродром го затекнале Ш.Л.(19) од Скопје, лице со здравствени проблеми, кој носел пластичен пиштол (играчка). Од страна на полициските службеници, пиштолот и футролата му биле одземени, информираат од МВР.


Дел од жителите на Аеродром утрово се исплашиле од глетката, а на социјалните мрежи, каде е објавено видеото коментираа дека најверојатно се снима филм.