Според УХМР какво ќе биде времето денес, а и најавите за наредните денови веќе може да се каже- добредојде есен. А времето денес ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 литри дожд на квадратен метар. Максималната температура ќе биде до 16 степени.
Вакво време, велат од УХМР, се очекува и во следните денови, што значи дека ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од дожд и ветер.
Од денес веќе нема повеќе надеж за продолжено лето, ниту, пак, во следните неколку месеци ќе ни требаат лесни алишта. Направете промена во плакарот, извадете ја топлата облека, гумените чизми и неговото височество- чадорот.