„Тажен сум“: Папата посрамотен поради сексуалниот скандал со децата жртви во Франција – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/21 10:54 AM

„Тажен сум“: Папата посрамотен поради сексуалниот скандал со децата жртви во Франција

Папата Франциск изјави дека е тажен и посрамотен поради неспособноста на Католичната црква да се избори со сексуалното злоставување деца во Франција и дека Црквата мора да направи од себе „сигурен дом за сите“.

„На жртвите би сакал да им ја изразам својата тага, тага поради траумите кои ги претрпеле, но и срам, наш срам поради предолгата неможност на црквата да ги стави во средиштето на своите грижи“, изјави папата Франциск на неделата аудиенција.

Тој ги повика сите службеници на Црквата да продолжат со напорите за да не се повторат такви драми.

Откако голема истрага откри дека француското свештенство злоставувало деца со децении, папата ја повика Католичката црква во Франција да преземе одговорност за она што се случи за да може црквата да стане сигурен дома за сите.