05.10.2021- Со големо задоволство, најавуваме eден посебен и важен CSR проект на „СОС Детско село“ и Шпаркасе Банка, овозможено и поддржано од „Challenger“.
Вработените во Шпаркасе Банка во период од 05.10.2021-31.11.2021 со секој ЕКО километар поминат во пешачење, возење велосипед, планинарење, ќе овозможат да се собере поставената цел за донација кон „СОС Детско село“ во износ од 300.000 денари. Преку повикот за остварување на заедничкиимпактодситевработени.Шпаркасе Банка не само што ќе ја реализира донацијата кон „СОС Детско село“, туку и ќе ги поттикне и мотивира своите вработени за поголема физичка активност и мерење на изминати ЕКО километри во секојдневното движење.
Преку овој проект Шпаркасе Банка ги повикува вработените да практикуваат поздрави навики при доаѓање /заминување од работното место со пешачење или возење на велосипеди, како и поголема физичка активност во слободното време.
Брзиот начин на живот во време на светска пандемија како резултат на корона вирусот КОВИД-19, не научија колку е важно да се грижиме за нашето здравје, а воедно и да допринесеме за поздрава животна средина и преку вакви активности да обезбедуваме средства за поддршка на децата без родители и родителска грижа поддржени од „СОС Детско село“.
Оваа хумана ЕКО акција за вработени од Шпаркасе Банка е овозможена преку апликацијата на „Challenger“ која е дизајнирана да ги мери зелените километри на вработените во Шпаркасе банка и заштеда на CO2 емисии во воздухот.