Нацрт-Декларацијата за Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи денес во Брдо кај Крањ, не содржи датум за пристапување на земјите од регионот во членството во Унијата, пренесуваат австриските медиуми. Во Декларацијата, ЕУ подвлекува јасна поддршка за европската перспектива на Западен Балкан и посветеност кон процесот на проширување.
Австрискиот печат исто така известува дека одлуките ќе се донесуваат врз основа на веродостојни реформи на партнерите, фер и стриктни услови, како и индивидуален придонес на кандидатите за членство. Декларацијата не содржи ниту еден датум или патоказ, вклучувајќи го и почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.
Австрија, како и Словенија, лобираше да се најдат конкретни датуми во декларацијата. Словенија предложи да биде 2030 година, кога треба да заврши процесот на проширување со сите кандидати во регионот. Според австриските медиуми, Франција е пред сите други земји кои го попречуваат проширувањето на ЕУ.
Извор: blic.rs