Силување и обид за силување за два дена во полошко – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/18 1:08 PM

Силување и обид за силување за два дена во полошко

Силувана 26 годишна тетовка од маж на нејзина возраст. Полицијата вчера регистрираше и обид за силување на Гостиварка на влез од нејзината зграда.
26 годишниот силувач е приведен во полициската станица Тетово. Тој половиот напад го извршил вчера вечер а тетовката го пријавила случајот два часа подоцна околу 23 часот и 40 минути. Таа со него имала вонбрачно дете и не живеела шест години.
-Пријавениот дошол во нејзиниот стан, насилно ја внесол во возило и се упатиле кон Гостивар. Патем застанале на паркинг и се заканувал и повеќе пати ја удирал, по што насилно извршил полово дејствие и со возилото ја однесол кај нејзини најблиски во Гостивар, рече портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Нешто подоцна, таа со такси се вратила и го пријавила случајот во Полициската станица Тетово, а 26 годишниот тетовец повикан е за расветлување на сите поединости поврзани со овој случај.
Инаку 48 годишна жена од Гостивар пријавила обид за силување во влезот на зградата во која живеела.Во неделата во 5 минути после полноќ во Полициската станица таа кажала дека кога влегла во влезот од зградата,  по неа влегло и непознато лице, ја фатило за рака и и се обратило со вулгарни зборови. Таа почнала да го удира со чантата, ја отворила вратата од зградата и го турнала надвор на улица, по што почнала да вика, а лицето побегнало во непознат правец. По преземени мерки, а поради основано сомнение дека е сторител на делото, од слобода бил лишен 29 годишник од дебарското село Требиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Половите напади преставуваат кривино дело, за кои се предвидени ригорозни казни