За утрешниот празник Курбан Бајрам привремениот сточен пазар оваа година е лоциран на влезот од Тетово, каде се години се претовараше комуналниот отпад. Сточарите велат дека се задоволни од локацијата, каде има голем простор и комотно може да ја продаваат стоката.
Годинава пред утрешниот празник Курбан Бајрам на привремениот сточен Пазар кој годинава е лоцирана на влезот од Тетово, затекнавме поголем број продавачи и купувачи за разлика од минатите години кога се продаваше стоката.
Велат дека е криза, но курбан како што налага верата и традицијата мора да се заколе по повод празникот. Посиромашните кои не се во можност да заколат курбан, месо за празничната трпеза добиваат од нивни роднини, пријатели и соседи
Празнувањето на Курбан Бајрам, муслиманските верници утре ќе го започнат со молитва во џамија уште во утринските часови. Потоа вернците се собираат на семен ручек и се оди по гости кај најблиските
Локацијата каде годинава се продава стоката ја избра општина Тетово, откако неколку години наназад сточарите продаваа и колеа животни по повод празникот на импровизирана локација наспроти стариот градски стадион каде на само неколку метра има населба чии жители реагираа поради смрдеата која се ширеше од пазарот, нечистотијата на локацијата која со денови никој не ја чистеше, откако ќе заминеа луѓето кои ги продаваа животните. Сточарите велат дека се задоволни од новата локација кој е поголема и може комотно да ја продаваат стоката.
Стока по повод празникот Курбан Бајрам ќе се продава до четворток, кога се празнува третиот ден од овој муслимански празник.