Шанон Доерти не планира да се откаже од борбата против ракот на дојката во четвртиот стадиум.
„Никогаш не сакам да се однесувам или да работам како да умирам“, рече 50-годишната актерка позната по улогите во серијата Беверли Хилс, 90210 и „Charmed“, гостувајќи во емисијата „Добро утро Америка“.
„Само сакам да работам затоа што ќе продолжам да се борам за да останам жива“, додала таа, објаснувајќи дека не и се допаѓа идејата да состави последен список со желби.
Доерти откри дека болеста е во четврта фаза во февруари 2020 година – три години откако рече дека првата битка со ракот влегла во ремисија. Актерката рече дека е зафатена со „животот“ овие денови и дека „поминува многу време со пријателите и семејството“, како и продолжува да работи.
“Многу луѓе на кои им е дијагностицирана фаза 4 се отпишани на некој начин. Се претпоставува дека не можат да работат или не можат да работат со полн капацитет, и тоа не е точно”, рекла Доерти.
„Тоа е нешто што би сакала луѓето да престанат да претпоставуваат и да ни дадат шанса да им докажеме дека не се во право“, заклучила таа.
На актерката за прв пат и беше дијагностициран рак на дојка во март 2015 година, а беше подложена на мастектомија во мај 2016 година.
Извор: Индекс.хр