Земјотресот им го сруши домот, живееја во контејнер, а сега чекаат бебе – После се радост во домот на актерите Невена и Марко – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/21 2:30 PM

Земјотресот им го сруши домот, живееја во контејнер, а сега чекаат бебе – После се радост во домот на актерите Невена и Марко

Српската актерка Невена Вукеш и нејзиниот сопруг, хрватскиот музичар Марко Вукеш, ја добија најдобрата вест по тешкиот период –  за неколку месеци во нивниот дом пристигнува бебе. Невена, која публиката добро ја познава од српските серии, е бремена и ќе стане мајка на почетокот на следната година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nevena Vukes (@nevena.vukes)


Актерката и нејзиниот сопруг Марко минаа многу тежок период во текот на минатата година – за време на земјотресот што ја погоди Хрватска, останаа без покрив над главата, поради што живееја со месеци во контејнер што им го даде општината Марија Бистрица. Во тој период тие снимија серија на Јутјуб во која покажаа како од контејнерот, кој има само 12 квадратни метри, направиле дом и тоа наишло на бројни позитивни реакции.

За време на животот во контејнерот, Невена и Марко започнале да градат нова куќа, а сега следуваа најдобрите вести – бебето доаѓа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nevena Vukes (@nevena.vukes)