Се самоуби, а имаше само 10 години – Јелена Ѓоковиќ прозборе за проблемот на децата што ги носат социјалните мрежи – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/21 1:00 PM

Се самоуби, а имаше само 10 години – Јелена Ѓоковиќ прозборе за проблемот на децата што ги носат социјалните мрежи

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на Новак Ѓоковиќ ја искористи својата популарност за да зборува за еден голем проблем. Таа сподели една фотографија и објава што предизвика многу полемики, а се однесува на влијанието што технологијата го има врз младите луѓе.  Таа сподели слика на која дете плаче откако го гледала документарен филм наречен “Childhood 2.0” (Детство 2.0).

“Ве молам побарајте и гледајте го документарецот на Јутјуб за детството на социјалните мрежи. Ги замолувам и медиумите што ме следат да ја пренесат оваа вест и побарајте од граѓаните да го гледаат овој документарен филм. Намерно ја ставив оваа слика за да го привлечам вашето внимание.”, Напиша Јелена и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)


“Социјалните мрежи и паметните телефони и таблети се многу опасни за нашите деца. Не само за развојот на нивниот мозок, туку и за нивната безбедност. Кога ќе го гледате овој филм, ќе имате можност да ги видите и родителите и децата како гледаат различни проблеми и зборуваат потполно отворено.за нивниот секојдневен живот. Децата поминуваат минимум седум часа на своите телефони и преминуваат од една апликација во друга . Досада = телефон. Социјални мрежи = напад, осуда, критика, повици за самоубиство или секс. Едно од овие семејства во филмот го загуби својот член – тој изврши самоубиство откако го вознемируваа врсниците, а имаше само 10. Ова се теми  за кои ние мора често да разговараме и активно да бараме решение. Ве молам, погледнете и ајде да разговараме заедно “, рече Јелена Ѓоковиќ.