Македонија до 17 години ќе одигра три контролни натпревари во Малта – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/18 11:02 AM

Македонија до 17 години ќе одигра три контролни натпревари во Малта

Македонската репрезентација до 17 години, претстојниот период на Малта ќе одигра три контролни натпревари против домашната репрезентација, соопшти денеска ФФМ.

Првите две пресметки се на 21 и 23 август против соодветната селекција на Малта, додека на последната средба „црвено-жолтите“ ќе се сретнат со две години повозрасната домашна селекција.

Селекторот на Македонија до 17 години за натпреварите против Малта ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Алекса Јорданов (ФК 011, Србија);
Одбрана: Филип Костовски (Њу Старс), Анатолиј Петејчук (Вардар), Бесфорт Арифи (МВВ, Холандија), Александар Ѓурковски (Вардар), Горазд Стојменов (Њу Старс), Нешад Мурати (Шкендија);
Среден ред: Иван Николов (Академија Пандев), Марио Илиевски (Вардар), Димитар Тодоровски (Работнички), Филип Андоновски (Вардар), Редон Ќамили), Лука Станковски (Работнички), Сава Аврамовски (Црвена Звезда, Србија),Марио Костески (Работнички), Бехар Фетаи (Њу Старс), Резарт Коколари (Лозана, Швајцарија);
Напад: Методи Максимов (Работнички), Азер Омерагиќ (Вардар).