Гром усмртил 25-годишен сараевчанец додека бил во море, во Хрватска. Тој бил во Далмација на летување, а за време на трагедијата, неговата девојка била веднаш до него. За чудо, таа не настрадала.
Таа веднаш почнала да го извлекува, надевајќи се дека има шанси да се спаси. Претрчале и други луѓе за да помогнат, но не успеале да го вратат во живот.
-Громот удри во морето. Слушнав крик и тогаш сфатив дека се случи трагедија-кажал очевидец на настанот.
На ударот од гром му претходело невреме со грмотевици.