„Се жалеше дека е предолг па морав малку да го скратам. Ми отстранија 3,81 сантиметар“, изјавил загрижен сопруг пред водителите на радио КИИСФМ откако телефонски им се јавил во емисија. Се претставил како Ден.
Тој го направил потегот за да ја усреќи сопругата со која биле во брак 21 година.
Водителите Кајл и Џеки О останале шокирани од она што тој мирно им го раскажал. Малку се прибрале, па го прашале колку му бил пенисот пред хируршкиот афат, а тој ладнокрвно им одговорил – 25,4 сантиметри.
Го прашале дали пенисот сега му изгледа нормално.
– Ништо не се гледа, освен ако навистина одблиску не го погледнете – рекол Ден.
Признал дека љубов со сопругата воделе еднаш неделно, но тоа го правеле секоја недела.
– Обично во среда навечер. Тогаш преземам контрола и ја носам во спалната соба. Пред тоа таа ја имаше иницијативата, но сега не толку. Пред осум месеци имавме секс три до четири пати неделно. Си доаѓавме дома од работа и веднаш скокавме во кревет – им раскажа Ден на шокираните водители, пренесе Дејли Мејл.
Извор: Dailymail.co.uk
Фото: dailytelegraph.com.au