Голема е веројатноста принцот Чарлс по преземањето на кралскиот трон на британската монархија да го смени своето име и да се вика Филип Артур или Џорџ, вели портпаролот кралското семејство Дики Арбајтер.
Според портпаролот на британското кралско семејство, Дики Арбајтер, можно е принцот Чарлс да го смени своето име. Тој објаснува дека дедото на Чарлс, принцот Алберт, кога станал крал го земал името Џорџ Шести.
Кога еден ден 69-годишниот принц Чарлс ќе ја преземе титулата од својата 92-годишна мајка, кралицата Елизабета Втора, веројатно, како и сите негови претходници ќе го смени името.
Чарлс повеќе од 60 години чека на ред да застане на чело на британската монархија, најдолго во историјата. Се претпоставува дека и принцот Чарлс ќе го земе името Џорџ во чест на неговиот дедо и тогаш ќе се вика кралот Џорџ Седми.
Доколку остане на своето име ќе биде крунисан како Чарлс Трети. Ако го одбере името Филип, тогаш ќе биде прв крал со такво име во историјата на британската монархија