Во Египет ќе се патува само со електронска виза и негативен ПЦР тест – ММС
ММС

Објавено на: 10/1/21 12:05 PM

Во Египет ќе се патува само со електронска виза и негативен ПЦР тест

Граѓаните на Република Северна Македонија ќе патуваат во Египет само со електронска виза и негативен ПЦР тест не постар од 72 часа пред пристигнувањето во земјата или признаен сертификат за вакцинација извршена најмалку 14 дена пред влез во земјата, најави денеска на Фејсбук шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Сите оние кои имаат интерес да патуваат во Египет може да добијат електронска виза за влез во земјата во рок од 24 часа од поднесување електронска апликација. Со цел аплицирање за електронска виза, заинтересираните треба да го посетат виза порталот на Египет на следниот линк www.visa2egypt.gov.eg; Одобрената електронска виза пристигнува на е-меил и истата се печати и презентира на граничните премини на Египет, напиша Османи.

Министерот додаде дека за влез во Египет, покрај електронска виза, потребно е да се поседува и негативен ПЦР тест не постар од 72 часа пред пристигнувањето во земјата или признаен сертификат за вакцинација извршена најмалку 14 дена пред влез во земјата.

– Република Северна Македонија е меѓу 74 земји на кои Египет им овозможи влез со електронска виза согласно горенаведената процедура, додаде министерот Османи.

МИА