Се ближи осмата година од несреќата во која Михаел Шумахер се здоби со тешка повреда, која го закова на болнички кревет. И оттогаш до денес, речиси и да нема никакви информации за состојбата на легендарниот Формула 1 возач.
Семејството држи вистински „кинески ѕид“ околу Шумахер, не дозволува никаква вест за него да протече во медиумите, пристигнуваат само неколку индикации, а сега Пјеро Ферари, син на легендарниот Енцо Ферари, кој го создаде овој гигант на светскиот авомобилизам, откри во една реченица каква е состојбата на Махаел.
Пјеро зборуваше за деновите кога Шумахер ја ширеше славата на Црниот коњ и рече:
„Сакам да се сеќавам на денот кога Михаел беше на патеката. Тој беше едноставен, јасен, искрен и фер човек. Сакавме понекогаш да седиме дома и да разговараме за вино. „Михаел не е мртов, тој се уште е со нас, но не може да комуницира“, рече Ферари.
Потпретседателот на Фереро му даде поддршка на наследникот на Михаел, Мик Шумахер.
„Тој го гради својот пат во Формула 1 и ние целосно го поддржуваме. „Се надевам дека во 2022 година, тој ќе го натера својот болид да покаже што може да направи“, рече Пјеро Ферари.
Извор: Моззартспорт.ком