Облачно утро – попладне разведрување – ММС
ММС

Објавено на: 10/1/21 7:11 AM

Облачно утро – попладне разведрување

Денеска ќе преовладува променливо облачно и свежо, претпладне во западните и јужните делови со повремен дожд со послаб интензитет, информираат од УХМР.

Попладне се очекува намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и свежо со утринска температура до 12 степени, а дневна до 21 степен.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 15 степени, а дневните од 13 до 21 степен.