Здравствените работници во Скандинавија се загрижени поради новиот тренд на ставање на никотински кеси на интимните делови на телото како анусот или кожата на пенисот.
Според податоците од Националниот здравствен институт се е поголем бројот на млади кои експриментираат со тоа за да видат каков ефект ќе има.
Никотинските кеси наречени „снус“ станаа популарни во скандинавските земји. Снусот е вреќичка со влажен тутун која има долга традиција во регионот. Продажбата на снус е илегална во сите земји на ЕУ освен во Шведска.
Кесите со никотин се сигурна алтернатива на електронските или обичните цигари, но лекарите предупредуваат на ризикот од користењето кое може ја оштети кожата.
Во интервју за данскиот медиум ДР, 19-годишниот Оливер Ареншој рекол дека бил љубопитен да го испроба „снусот“ на пенисот, но одлучил да не го повтори трикот оти имал пецкање и оток следниот ден.
Лекарката Шарлот Ромер ја прераскажа приказната за пациентот кој се поднапил и заборавил да ја извади вреќичката со никотин од гаќите.
– Следното утро се разбудил со отечен пенис – рекла Ромер.
Данскиот институт за јавно здравство порача дека консумацијата на снус може да доведе до зависност, а некои институти како Кливленд Клиник во САД тврдат дека може да предизвика брзо стареење на кожата.
Извор: B92.net
Фото:femmeactuelle.fr/