Вредна верверичка за четири дена сокрила 70 килограми ореви во автомобил – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/21 10:15 PM

Вредна верверичка за четири дена сокрила 70 килограми ореви во автомобил

Вервериците се многу слични на луѓето затоа што однапред можат да го планираат управувањето со своите залихи на храна за долг период. Но, овие мали глодари не секогаш знаат да изберат склад за чување на својата храна. Една досетлива верверичка одлучила да ги складира оревите за зима во просторот на моторот од едно возило.

Сопственикот на возилото, Бил Фишер од Северна Дакота, САД го пронашол својот Шевролет Аваланш преполн со ореви откако го оставил паркиран четири дена. На фотографиите објавени на социјалните мрежи Фишер ги покажал кантите од 19 литри наполнети до врв со залихи од ореви.

На фотографиите се гледа и дека секој слободен агол под хаубата на моторот и браникот биле наполнети со ореви.

Фишер на крајот морал да го отстрани цел преден дел од возилото за да го исчисти.

– Се уште слушам како нешто се тркала внатре во возилото, веројатно во деловите до кои немам пристап – додаде Фишер кој извадил седум канти ореви кои во просек имале по десет килограми.

 

Извор: B92.net

фото: Фејсбук приватна архива