Џек Суливан од Велика Британија размислувал како да се смири со својата девојка, откако имале расправија во кафуле. Тој одлучил да и купи три подароци, а потоа ги фотографирал и тоа го објавил на Твитер – букет рози, чоколатца и кутија тампони.
Покрај подароците, оставил порака:
„Чоколатцата се затоа што те сакам. Цвеќето затоа што ми е жал. Тампоните затоа што се уште не сум сигурен зошто се извинувам, но претпоставувам дека ќе ти требаат деновиве“.
На луѓето не им требало многу време за да се „фатат“ и да почнат со коментирање под неговата објава. За некои ова било смешно и симпатично, но за други корисници претстрашно.
Ова се дел од коментарите, генерално напишани од жени.
„Како беше да спиеш на каучот? Удобно“, „Ми беше симпатично се до делот во кој ги споменуваш тампоните. Сега е 2021 година, а ти и понатаму емоциите за својата девојка ги поврзуваш со менструација и се шегуваш со тоа? Патетичен си!“.
„Можат ли мажите понекогаш да го употребат својот мозок и да престанат да размислуваат за тоа дека жената е тажна, вознемирена, изнервирана или лута поради менструација“, се вели во друг коментар – пренесува Daily Mail.
Went pub last night and come home and had a bit of an argument with the missus.
I’ll be the bigger man and apologise.. pic.twitter.com/tLhSUVWpTL
— Jack Sullivan✌🏽🦅🏴 (@SullivansTweets) September 20, 2021