Жената ме прогонува со децении, опседната е со мене – Мирослав Илиќ побесне во судница – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/21 12:27 PM

Жената ме прогонува со децении, опседната е со мене – Мирослав Илиќ побесне во судница

Мирослав Илиќ вчера помина шест часа во Палатата на правдата поради судењето со поранешната партнерка Мирјана Антоновиќ во врска со докажувањето на татковството на Девин Антоновиќ.

Мирјана сака да докаже дека Илиќ е татко на Девин, а тие два дена по ред беа на суд. Пејачот сепак одбива да направи ДНК анализа, а наводно пред судијата ја нападнал својата поранешна партнерка, пренесуваат домашните медиуми.

“Таа жена ме прогонува со децении, не знам што друго да правам со неа. Таа е опседната со мене”, наводно рекол Мирослав.

Пејачот официјално не сакаше да го коментира судењето додека не заврши се, а неговата поранешна партнерка накратко го коментираше целиот случај.

“Не се откажувам од судењето. Ниту јас, ниту мојот син Девин, кој доаѓа наскоро од Америка. Тоа е се што можам да кажам”, рече таа.

Сведоци во овој случај се пејачката Лепа Брена, која со Мирјана два дена доаѓала на судење и рекла дека во 21 век е лесно да се докаже дали некој е татко или не, како и Мерса Миjковиќ Мери.

Извор: Мондо.рс

Фото: Србија24