Алек Болдвин ја засрами својата ќерка со коментар на Твитер – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/18 9:48 AM

Алек Болдвин ја засрами својата ќерка со коментар на Твитер

Ниту еден млад човек не сака да види коментар од родител на објава на социјалните мрежи, а кога се работи за познати шоу-бизнис личности, срамот е многу поголем.

Имено, ќерката на Алек Болдвин – моделот Ајрланд Бесинџер Болдвин на Твитер објави провокативна фотографија од себе во црно бикини на мотор.

Ајрланд Бесинџер болдвин

– Не. Едноставно… не!, гласеше потоа коментарот на нејзиниот татко.

Инаку познато е дека популарниот холивудски заводник, и неговата ќерка од бракот со глумицата Ким Бесинџер, не се во најдобри односи.