Во август рекордна фрекфенција на граничниот премин „Блато“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/18 9:39 AM

Во август рекордна фрекфенција на граничниот премин „Блато“

Во текот на месец август забележана е рекордна фрекфенцијата на патници и возила на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница кај Дебар.

Според надлежните од граничната полиција, Регионален центар-запад, во обични денови границата ја минуваат по над 2.500 патници, додека во викенд и околу четири илјади, што се смета за историски рекордна бројка.

Тоа како резултат на подобрената патна инфраструктура од двете страни на границата, која освен постојаните жители ја користат и печалбарите кои со со сопствени возила доаѓаат со траекти до пристанитшето Драч.

– Македонските државјани од Дебар, но и другите градови на Македонија во Албанија патуваа главно за одмор на албанското крајбрежје, пред се во Шенѓин, каде климата е идентична со онаа на црногорскиот град Улцињ. Но, исто така одат и на домашни веселби кај свои роднини и пријатели.  Што се однесува до албанските државјани, тие во Македонија доаѓаат на шопинг пред се во Дебар, посебно во саботните денови кога во Дебар е пазарен ден, потоа кај роднини на веслеби, но и за сезонска работа. Исто така, тие овој премин го користат и транзит да поминат низ Македонија, потврдуваат од Центарот.

ГП Џепчиште Требиште

Зголемена фрекфенција е забележана и преминот  за локален граничен сообраќај Џепиште – Требиште, каде претходно во просек минуваат по педесеттина лица.

– Споредено со „Блато“ тука има помала фрекфенција бидејќи станува збор за граничен премин кој во летниот период работи секој ден од 8 до 20 часот и е наменет превенствено за жителите на пограничната зона. Во обични денови фрекфенција е над 200 лица, а за викенд над 300 лица, кои главно во Дебар доаѓаат од областа Голо Брдо, заради шопинг, и нашите и нивните граѓани за веселби кај роднини, но и тамошни жители кои работат во Грција, а од почетокот на август доаѓаат во родниот крај, посочуваат од граничната полиција, Регионалниот центар-Запад.

Со изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр) се очекува фрекфенцијата на преминот „Блато“ да се зголеми за неколупати, бидејќи оддалеченоста  од Дебар до Тирана наместо сегашните 180 ќе биде 72 километри.