По смртта на 20-годишна девојка, Словенија ја прекина вакцинацијата со Џонсон и Џонсон – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/21 6:40 PM

По смртта на 20-годишна девојка, Словенија ја прекина вакцинацијата со Џонсон и Џонсон

Словенечката влада донесе одлука привремено да ја прекине имунизацијата против ковид-19 со Џонсон и Џонсон вакцината се додека не се расветлат околностите за смртта на дваесетгодишната девојка која починала од мозочен удар две недели после вакцинацијата.

– Дојде до несакан настан после вакцинирањето, а случајот заврши трагично – изјави на прес-конференцијата за новинарите во Љубљана, министерот Јанез Поклукар и изрази соучество до семејството на починатата.

Тој додаде дека затоа владата на предлог на стручната комисија одлучила привремено да ја прекине вакцинацијата со Џонсон и Џонсон.

Таа вакцина нема да се употребува за имунизација се додека стручната комисија не ја испита медицинската документација и утврди дали смртта на девојката е поврзана со вакцината.

Министерот рече дека до трагичната смрт, во Словенија бил забележан само еден смртен случај исто така кај млада жена која прво добила тромбоза, а починала во болница подоцна поради мозочен удар и дека во тој случај била утврдена поврзаност помеѓу вакцинацијата и смртта.

Поклукар сепак нагласи дека со таа вакцина досега во Словенија се вакцинирале 120.000 граѓани и дека предностите се далеку пред можните ризици.

 

Извор: rs.n1info.com