(Видео) Симпатизери на ДУИ со истрели го поздравиле Меџити во Чаир – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/21 6:12 PM

(Видео) Симпатизери на ДУИ со истрели го поздравиле Меџити во Чаир

Силен аплауз и огнени истрели го одбележаа отворањето на изборниот штаб на ДУИ во Чаир.

Порталот Плусинфо објави видео на кое се гледа како симпатизерите кои присуствувале на отворањето на штабот со овации го поздравуваат Изет Меџити, поранешен градоначалник на Чаир и потпретседател на ДУИ, а сега пратеник.

После аплаузот го извикуваат неговото име и на крај едно лице пука во воздух од огнено оружје, а Меџити со рака му одмавнува да престане.

На отворањето на штабот за локалните избори обратиле првиот вицепремиер Артан Груби  и актуелниот градоначалник Висар Ганиу.

Извор: Плусинфо

Видео: Плусинфо