(Видео) Во овој живот полн со тага ти остави најубав траг – Познатите со солзи ја испратија Марина – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/21 3:48 PM

(Видео) Во овој живот полн со тага ти остави најубав траг – Познатите со солзи ја испратија Марина

Денес е погребана најпознатата авторка на Блаканот Марина Туцаковиќ, која ја изгуби битката со болеста. На нејзиниот погреб присуствуваа скоро сите големи естрадни ѕвезди, со кои таа соработуваше и со познатите текстови им ја направи кариерата.

Српските медиуми пишуваат дека сите плачеле по неа, бидејќи сите за новите проекти одеа на консултација кај Марина, која точно знаеше да им го погоди сензибилитетот.

-Во животот полн со тага ти остави најубав траг, напиша Карлеуша. А не е само Јелена која со потресни пораки се прости од Марина.

Српските медиуми пишуваат и дека нејзиниот син ги избркал од погребот Цеца, Саша Матиќ и актерот Милан калиниќ. Веднаш по ова Саша Матиќ изјавил дека „сопругот на Марина ме повика да влезам во капелата“.

Погледнете во видеата кој се беше дел од последното испраќање на Туцаковиќ.

 

Фото: srbijadanas.com