Две лица тешко повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/18 8:55 AM

Две лица тешко повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Скопје

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во 20,10 часот, на регионален пат Куманово – Скопје, кај село Никуштак, помеѓу патничко возило „Фолксваген Венто“ управувано од А.А.(30) од село Никуштак и патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Б.(21 ) од село Орланце, скопско.

Како што наведуваат од МВР, по незгодата повредените возачи А.А и М.Б. со возило на брза помош се пренесени во Медицинскиот центар Куманово, каде им се констатирани тешки телесни повреди, по што А.А.  е задржан додека М.Б. е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.