ШТИП- Локални избори 2021 – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/21 2:22 PM

ШТИП- Локални избори 2021

Воведување на дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот
и советниците со граѓаните и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО секторот и учество на нивен претставник како соработник на кабинетот на Градоначалникот, најави на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Николов.

„Во таа насока, со проектот Е-општина ќе се изврши набавка на потребен хардвер и софтвер за канцелариско и архивско работење, со кој значително ќе се скрати времето за постапување. Предностите од примената на овој систем во работењето треба да придонесат за поголемо задоволство од страна на граѓаните од работата на локалната администрација,“ порача Николов.

 


Кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ и колициските партнери, Иван Јорданов и двајцата кандидати за советници Весна Кожинкова и Димитар Белич преку видео прес-конференција презентираа проекти во населбата „Исар“, урбаната заедница „Брегалница“ и централното градско подрачје. Меѓу приоритети за населбата „Исар“ им е реконструкција на водоводната мрежа, но и на улиците.


Македонската конзервативна партија ИНТЕГРА денеска во Градскиот парк во Скопје ја презентираше локалната развојна платформа ИНВЕСТРА 2021 и кандидатите членови на органите на локалната власт на претстојните избори. Кандидат за градоначалник на ИНТЕГРА за Штип е Симон Поликарп.

„За тие што не ме познаваат, познат сум под името Џими. Во својство на градоначалниккој до сега не сме го имале, ќе бидам во функција на народот и како иден градоначалник ќе ви подадам рамо, ќе пружам раце, посебно на тие што се ранливи. Не ветуваме многу, ветуваме само што можеме да понудиме,“ вели Поликарп во пораката до штипјани.


Во своето денешно обраќање кандидатот за градоначалник на ЛДП-ДОМ, Ванчо Санев се осврна на потребата од неопходната замена на штетните и канцерогени азбесни водоводните цевки што како материјал во ЕУ е забранет од 2005 .

„Општина Штип и по 16 години по таа објава на ЕУ се уште користи азбесни цевки во водоводната мрежа во должина од 42,5 километри. Предвидувам до крајот на својот мандат како градоначалник целосна замена на азбесната водоводна мрежа, со нови водоводни цевки. Ова е стратешки долгорочен проект со комбинирано финансирање во рок од 4 години,“ потенцира Санев


фото-prt sc