Од денот на донесување на одлуката за распишување на изборите до конституирање на советот на општините и на Град Скопје не може да се почне со изградба со средства од буџетот или со средства од јавни претпријатија кои располагаат со државен капитал, на нови објекти во инфраструктурата. Тука станува збор за нови патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта или објекти за општествени дејности, освен ако за таа намена претходно се обезбеди средства од буџетот. Ова е делот од законот кој политичките партии најмногу го заобиколуваат – смета претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.
Според неа, учесниците во изборниот процес сѐ имаат испланирано однапред, па затоа пред изборите спроведуваат активности кои претходно ги вметнале во годишните програми.
Од ДКСК конкретно потсетија на ограничувањата што ги предвидува Изборниот законик.
-Не може да се вршат исплаќања на плати и други исплати на материјални надоместоци од буџетски средства или од средствата на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати односно сите едногодишни трансфери и исплати, ниту да се оттуѓува државен капитал, ниту да се потишуваат колективни договори;
-Не може да се почне постапка за вработување на нови лица или за престанок на работен однос во државни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување освен во случаите на итни и неодложни работи кои во измените на Изборниот законик се дефинирани дека станува збор за вработување на определено време заради замена на отсутен работник, поради замена на отсутен работник поради подолго боледување, смрт на вработен, изведување сезонски работи и со обезбедени средства со годишните програми како и вработување на определено време на наставен -кадар за непречено изведување на образовниот процес;
-Во периодот од дваесет дена пред отпочнување на изборната кампања па до завршување на изборите односно до конституирање на советот на општините и Град Скопје не може да се одржуваат јавни настани по повод почнување на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од буџетот или јавни фондови или со средства на јавни претпријатија или други правни лица кои располагаат со државен капитал;
-Забрането е користење на канцеларискиот простор, канцелариската опрема и службените возила на државните органи освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста;
-Забрането е вршење притисок врз гласачи или членови на нивните семејства;
Од Државната комисија за спречување на корупцијата соопштија дека веќе постапуваат согласно своите ингеренции, разгледуваат предмети кои се поврзани со изборите, а за открие
Фото: Архива / ММС
(В. Ми)