Ќе почива покрај својот Милош – Исполнета последната желба на Марина Туцаковиќ – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/21 1:01 PM

Ќе почива покрај својот Милош – Исполнета последната желба на Марина Туцаковиќ

Марина Туцаковиќ беше погребана денеска покрај синот Милош, а тоа и било последна желба.

На барање на семејството, немаше многу луѓе, поради ситуацијата со пандемијата, но и затоа што масовното одбележување на нејзината смрт, како што наведоа нејзиниот сопруг и син во изјавата, ќе биде против духот со кој живееше и работеше таа.

Оливер Мандиќ, Јелена и Жика од „Зана“, Јелена Карлеуша, Жељко Јоксимовиќ, Саша Матиќ, Цеца.., беа меѓу првите кои пристигнаа, додека Здравко Чолиќ испрати само венец.

 

Погребот се чекаше 10 дена, бидејќи сопругот на Марина, Александар Радуловиќ Фута, беше позитивен на корона вирусот.

Марина почина на 19 септември, на 68 -годишна возраст, во КБЦ д -р Драгиша Мишовиќ, по тешка борба со болеста.

Извор: Телеграф.рс

Фото: Марко Јовановиќ