(Видео) „За нас зборот е збор“ – Горан Трајковски, кандидат за градоначалник на Делчево – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/21 11:01 AM

(Видео) „За нас зборот е збор“ – Горан Трајковски, кандидат за градоначалник на Делчево

За нас зборот е збор, вели кандидатот за градоначалник на Делчево, Горан Трајковски од СДСМ,  коалицијата „Најдоброто за Делчево “.

Тој на гражаните им вети околу 150 нови проекти за разубавување на градот, од кои 10 ќе бидат приоритет.

-Во периодот 2021-2025 година ќе се направи нова детска градинка, пречистителна станица за отпадни води, инвестиции во чиста вода за пиење, реконструкција на водоводната мрежа,  паметно осветлување на градот, реконструкција на градскиот парк, проект за водоснабдување на Голак,  доизградба на кејот на Брегалница, реконструкција на локалните патишта, скејт парк, две фонтани,   се само дел од планираните проекти на кандидатот за градоначалник Трајковски.