Повеќе нема да одговарам на секојдневните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ, одговорот ќе го добијат на 17 октомври, ова го порача денеска директорот на штипското Ј.П Исар, Здравко Коцев.
Всушност на нивните обвинувања и поставени прашања, и тој одговори со прашања.
„По вокација сум професор, па денеска ќе се обидам на моите пријатели од ДПМНЕ да им одржам бесплатен час. Според него, тие не знаат од каде дел од нив јаде свинско месо, од каде доаѓаше чадот во вечерните часови, дека воопшто ја немаат видено Депонијата и кој воопшто ја чуваше депонијата.
Праша, дали знаат колку е бруто платата на еден обезбедувач вработен во ЈП Исар и дали знаат во Македонија и светот како се чува една Филтер станица?
Тој обвини дека во изминатите неколку месеци ВМРО-ДПМНЕ се служи само со лаги и клевети. Пресовите се од типот -Каде е метларката, дали е продадена?
Потрошени се 3.000.000 денари за цвеќиња, распишан тендер од 20.000 денари за гориво.
Денешниот прес и Коцев го заврши со прашање.
„Кој директор на ЈП Исар од редовите на ДПМНЕ ги продаде дуќаните на пазарот, цвеќарницата „Хенри“, хемиското чистење. Каде завршија парите, затоа што кредитот уште не е вратен на Светска Банка.
Јавноста и Коцев не добија одговор на овие прашања.
„Ако се навраќаме на минатото, ќе мораме да потсетиме дека лицето кое ги поставува овие прашања е условно осудено на затворска казна во траење од две години, за криминал направен токму за злоупотреба на позицијата која и во моментов ја извршува. Затоа, како високообразован човек, Магистер за безбедност, не отворајте теми, кои се најмалку од Ваш интерес и за кои токму Вие ќе платите со превисока цена, а тоа е осуда од јавноста!“, се вели во реакцијата од ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.