Измама со станови – Им зел капар за нови станови, и не го уплатил во агенцијата – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/21 12:57 PM

Измама со станови – Им зел капар за нови станови, и не го уплатил во агенцијата

Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против О.С.(47) од Скопје, осомничен за кривично дело „измама“.

Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од јули до септември 2020, со намера да стекне противправна имотна корист, О.С. сторил две кривични дела „измама“.

– Како вработен агент за недвижности во приватна агенција од Скопје, ги довел во заблуда И.К. и С.А., двете од Скопје, на кои им зел капар за продажба на два стана во изградба, но земениот капар не го уплатил во агенцијата во која е вработен. Извршувајќи ги овие дела, О.С. се стекнал со противправна имотна корист од околу 110.000 денари, соопшти МВР.