Најмалку 39 рудари се заробени под земја повеќе од 24 часа во северната канадска провинција Онтарио, објави компанијата Вале што управува со рудникот.
Спасувачката операција е во тек и раководството на рудникот објави дека нема повредени.
Рударите останаа на длабочина меѓу 900 и 1.200 метри поради дефект во лифтот што ги спуштил работниците во јамата.
Компанијата Вале соопшти дека се очекува сите да бидат изнесени на површина до вечерва, како и дека рударите имаат пристап до вода, храна и лекови.
Рудникот Тотен вработува околу 200 луѓе и е отворен во 2014 година во Онтарио и произведува бакар и благородни метали.
Преземени од: https://rs.n1info.com/