Не заборавајте да понесете чадор – Попладне нестабилно со пороен дожд – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/21 7:17 AM

Не заборавајте да понесете чадор – Попладне нестабилно со пороен дожд

Денеска времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, на места нестабилно со пообилен пороен дожд, локално и над 20 литри на квадратен метар и со појава на ретки грмежи.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 19 до 26 степени.

И во Скопје претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови до четврток ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а дневните температури значително ќе опаднат. В петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето, а температурите ќе бидат во благ пораст.