Мојот љубовник сака да му дадам пари или ќе му каже на сопругот за нашата афера – Британка бара помош од медиумите – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/21 10:24 PM

Мојот љубовник сака да му дадам пари или ќе му каже на сопругот за нашата афера – Британка бара помош од медиумите

„Мојот љубовник ме уценува. Сака се да му каже на сопругот, ако е му ги дадам парите кои ги сака. Имам 48 години, а мојот сопруг 50 и во брак сме 20 години. Иако бракот беше добар, во последните неколку години имавме проблеми. Чувствувам дека сопругот ме зема драво за готово и дека сум повеќе како негова мајка отколку како негова жена“, напишала една жена за британски „Сан“.

Пред две години стар пријател од факултет и се јавил преку социјалните мрежи и почнале тајно да се гледаат. Тој почнал да ја заведува и почнале афера иако двајцата се во брак. Знаела дека е погрешно и се обидела неколкупати да прекине со него, но сексот бил неверојатен и секогаш му се враќала.

– Тогаш работите тргнаа наопаку Мојот љубовник не е финансиски во добра ситуација, а ние имаме доста пари. Почна да бара да му позајмам, прво мала количина, потоа се повеќе. Му реков дека не се чувствувам удобно што му работам на сопругот зад грб, но ме натера. Веќе му дадов 15.000 фунти, но тој бара се повеќе и повеќе и ме уцени дека ако не му дадам пари ќе му раскаже се на сопругот. Сега сум заробена и тешко ми е – вели таа .

– Тој вас ве завел, манипулира со вас и е опасен. Се чини нема емпатија. Ако продолжите со тајната врска, работите ќе се влошат. Запаметете и тој е оженет па има што да загуби како и вие. Бидете цврста и речете му дека аферата е готова, а потоа размислете да му признаете се на сопругот. Ако ја знае вистината, тогаш љубовникот ќе ја загуби моќта која ја има над вас – и одговори колумнистката Диедре од „Сан“.

извор: The Sun

фото: Usa Today