Под реакторот 4 во Чернобил расте радијацијата, научниците загрижени – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/21 9:23 PM

Под реакторот 4 во Чернобил расте радијацијата, научниците загрижени

Нивото на радијација под реакторот 4 во Чернобил каде што во 1986 година се случи нуклеарна катастрофа поради која и денес луѓе умираат од рак, ги изненади експертите од Украина кои имаат поставено многу сензори за радиоактивност.

Под реакторот кој експлодираше во 1986-та година се уште има активно нуклеарно гориво и во следните 24.000 години никој нема да може да живее на тоа подрачје. Структура од 1,5 милијарди евра штити радијацијата да не се прошири, но сега таа се засилува, а никој не знае зошто, пишуваат медиумите.

Нил Хијат, нуклеарен хемичар од универзитетот Шефилд спомна дека постои можност ураниумовото гориво само по себе повторно да се запали.

– Баш како што јагленот може повторно да распламти во скарата така и нуклеарните материјали кои некогаш биле запалени – појасни Хијат.

Тој и порано ја спомнуваше можноста за активирање на ураниумот од Чернобил, но научниците од Украина кои се одговорни за управување со нуклеарните активности во близина на централата досега не го послушале.

Тие имаат поставено сензори околу реакторот 4 кои го следат нивото на радијација, но неодамна се покачило нивото. Се чини радиоактивноста доаѓа од недостапната комора под реакторот кој е блокиран од ноќта на експлозијата на 26 април 1986 година.

Научниците имаат некои претпоставки зошто тоа се случува. Водата се користи за покренување на процесот на физија внатре во нуклеарните материјали, а енергијата која се ослободува во реакторот може да се држи под контрола, но во овој случај можно е да не се контролира процесот.

Без вода нуклеарното гориво може да се прегрее што може да доведе до нова нуклеарна катастрофа.

 

Извор: 2sata.hr

фото: wikipedia