Како да прави свадба, а не роденден – Сека Алексиќ потрошила 5.000 евра за роденденот на постариот син – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/21 10:27 AM

Како да прави свадба, а не роденден – Сека Алексиќ потрошила 5.000 евра за роденденот на постариот син

Пејачката Сека Алексиќ дала 5.000 евра за прослава на роденденот на нејзиниот постар син Јаков, која ја организираше во нејзината куќа во Стара Пазова.

На списокот на гости се најдоа нејзините пријатели, членови на семејството, пријателите на славеникот, но и бројни суперхерои.

“Сека долго размислуваше како да го израдува Јаков, па дојде на идеја прославата да биде во знакот на Спајдермен, бидејќи тој го обожува. Таа го направи цел мал град за деца, а целата прослава чинеше околу 5.000 евра, “открива извор близок до пејачката и додава:

“Само тортите чинеа околу 1.000 евра. Сека ангажираше и аниматори, кои беа обучени како Спајдермен. Ги замоли да дизајнираат разни игри за деца, па малите се обидоа да се качат по јажиња. На роденденот имаше и огромна куќа на надувана со ликови од цртаниот филм „Патролни шепи“ што му се допадна најмногу на помладиот син на Сека“.

Сека објави фотографии од прославата на роденденот и богатата трпеза на Инстаграм, каде следбениците оставија коментари дека „изгледа како да прави свадба, а не роденден на детето“.

Извор: Мондо.рс

Фото: Фејсбук, Мондо.рс