Талибанците тврдат дека аеродромот во Кабул е подготвен за меѓународни летови – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/21 7:08 PM

Талибанците тврдат дека аеродромот во Кабул е подготвен за меѓународни летови

Талибанците објавија дека се решени сите технички проблеми на аеродромот во Кабул и со тоа меѓународните летови би можеле да продолжат.

Привремената влада ги уверува сите авиопревозници на целосна соработка и побара од сите превозници и земји кои претходно летале до Кабул, да ги продолжат своите летови.

Во соопштението портпаролот на Министерството за надворешни работи, Абдул Кахар Балхи, наведува дека неодамнешните политички промени во Авганистан предизвикале низа технички проблеми во внатрешноста на авио-секторот, па затоа сите меѓународни летови за Авганистан биле прекинати.

„Со оглед на тоа дека проблемите на меѓународниот аеродром се решени, а аеродромот е во потполност оперативен за домашни и меѓународни летови, Исламскиот Емират ги уверува сите превозници на непречена соработка и оечкува сите да ги вратат своите летови како и претходно“ – наведува Балхи.