Пациентите со рак да не се заборават – 13. кампања против рак на дојка „Напред розево“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/21 3:13 PM

Пациентите со рак да не се заборават – 13. кампања против рак на дојка „Напред розево“

Пациентите со рак не смеат да бидат заборавени, порачаа денеска од кампањата „Напред розово“ во организација на здружението „Борка“, која се одржува по 13. пат.
Поради пандемијата со коронавирус, голем дел од дијагностичките процедури беа прекинати, што создава опасност ненавремено дијагностицираните пациенти, да развијат рак во доцен стадиум.

Претседателката на здружението, Биба Додева, порача дека континуираниот скрининг за рак да нојка треба да продолжи и на пациентите да им се овозможи непречена дијагностичка процедура.

Во земјава годишно се регистрираат по 700 до 800 случаи на рак на дојка, а битката со болеста ја губат 250 пациенти.

На денешниот настан беа присутни и американската амбасадорка Кејт Мари Брнс и министерот Венко Филипче.

 

 

фото:фб