Татко физички ги нападнал малолетните синови во Волково – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/21 4:11 PM

Татко физички ги нападнал малолетните синови во Волково

Вчера во 14.55 часот во с. Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ѓ.(39) од с.Волково, затоа што физички ги нападнал неговите два малолетни синови.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.