Љубовна драма во Штип – Му раскинала, а тој ѝ се заканувал и ѝ испраќал пораки со вознемирувачка содржина – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/21 3:41 PM

Љубовна драма во Штип – Му раскинала, а тој ѝ се заканувал и ѝ испраќал пораки со вознемирувачка содржина

Вчера во 15.45 часот во СВР Штип, 49-годишна жителка на Штип пријавила дека З.Ј. од Штип ѝ испраќал пораки на социјалните мрежи со вознемирувачки содржини, а и лично ѝ упатил закани, информираат од МВР.

Според пријавеното, причина за тоа е што пред извесен период таа ја прекинала љубовната врската со него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.