Пронајден виновникот за авионската несреќа во која загина цел фудбалски тим од Бразил – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/21 2:09 PM

Пронајден виновникот за авионската несреќа во која загина цел фудбалски тим од Бразил

Поминаа пет години од падот на авионот кој ги превезуваше фудбалерите на бразилскиот клуб Шапекоенсе, но конечно е откриено кој е виновен за една од најголемите спортски трагедии во последните 30 години.

На 28 ноември 2016 година падна авионот што резултираше со смрт на 71 лице, меѓу кои и бројни фудбалери, тренери и менаџери на клубот.

Боливијката Селија Кастедо Монастерио е прогласена за одговорна за анализа и одобрување на планот на летот на авионот кој ги превезуваше фудбалерите. Таа информација ја соопшти полицијата на Корумбо, град на границата со Боливија.

– Жената од Боливија беше специјалист за безбедност на летање и во тоа време не ги почитувала минималните процедурални услови за одобрување на планот на летот на авионот, затоа што во претставената програма растојанието на летот не било адекватно за патување – соопшти федералната полиција.

Кастедо Монастерио ќе биде притворена во Корумба и потоа ќе им биде предадена на властите на својата земја Боливија.

Извор: Mondo.rs