(видео) Ако сите беа вакцинирани во летниот бран ќе изгубевме 209 животи наместо 1047 –Трајковски во Стадион – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/21 12:45 PM

(видео) Ако сите беа вакцинирани во летниот бран ќе изгубевме 209 животи наместо 1047 –Трајковски во Стадион

Математичките пресметки на Дејан Трајковски, кој до сега прилично прецизно излегуваше со одредени статистики за пандемијата, покажуваат дека бројот на загубени животи би бил двојно поголем доколку не беа вакцините. Трајковски во емисијата Стадион на Канал 77 рече дека Делта сојот, кој е за 50-90% позаразен во летниот бран однесе 1047 починати до денес.

-Меѓутоа, доколку никој не се вакцинирал, во овој бран би умреле 2130 лица, што значи дека до сега имаме спасено околу 1000 лица со сегашниот опфат на вакцинација. Но, доколку сите би се вакцинирале, би починале 209 лица, со просек на ефикасност од 89% ефектот од вакцините против смртен исход, рече Трајковски.

Според морталитететот по број на жители по ден, по старосни групи, може точно да знаеме каде сме и каде ќе бевме.Во однос на високата смртност, Трајковски вели  дека математичката може да измери колкава е, додека докторите треба да одговорат на прашањето „зошто“.

-Мислам дека никогаш нема да го направат тоа, бидејќи ако знаеле зошто, ќе го спречеле тоа. Инаку, тнр.годишна смртност и поранешната годишна смртност, Македонија е на второ место во светот. Меѓутоа, со земање на резултатите од новиот Попис, веројатно ќе бидеме на прво место. Значи, ние сме веројатно и пред Перу. Ние моментално имаме преку 6000 починати на милион жители, од почетокот на пандемијата. Значи не 3000 според официјално дијагностицираните, туку 6000 според официјаните извештаи на Државниот завод за статистика, каде со математичка пресметка може да се види каде е вишокот според официјалната годишна пресметка на смртност. Со голема прецизност, со грешка од само 30-40, може да се процени колку ќе има починати, рече Трајковски.