Вулканска ерупција на Ла Палма уништи стотици куќи. Само една ја „прескокна“.
Неверојатна сцена пристигна од Канарските Острови – опкружена со море лава по ерупцијата на вулкан на Ла Палма, една куќа остана недопрена.
‘Miracle house’ spared from being scorched by La Palma lava pic.twitter.com/BWADeH9Me5
— The Sun (@TheSun) September 24, 2021
Корисниците на социјалните мрежи го нарекоа „чудесно“. Нејзините сопственици, пензионирана данска двојка, која не е на островот, се воодушевени што нивната куќа е сеуште недопрена.
„Почнаа да плачат кога им реков дека нивната сакана куќа е недопрена“, вели Ел Мунду, архитектката на куќата Ада Моникендам.
Куќата-чудо се наоѓа во Ел Параис, каде што беа уништени повеќе од половина од зградите, вклучувајќи го и училиштето.
Двојката ја избра Ла Палма затоа што им се допадна вулканскиот пејзаж, рече Моникендам, додавајќи дека „и е жал што куќата сега е напуштена и дека нема никој што може да се грижи за неа“.
Вчера, лавата значително го забави својот тек, што предизвика стравувања дека може да се прошири понатаму на островот и да уништи повеќе куќи, наместо да претече во морето.
Извор: Курир.рс