Заврши потрагата по настраданите во Џенова – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/18 12:05 PM

Заврши потрагата по настраданите во Џенова

Заврши потрагата по настраданите во несреќата кај Џенова, каде по пад на мост загинаа 43 лица. Сите кои беа на списокот на исчезнати се најдени, а последните извлечени тела биле на тричлено семејство, најдено под урнатините во нивниот смачкан автомобил. Деветмина од повредените се уште се во болница, од кои четворица се во критична состојба.

Ноќеска заврши потрагата, спасувачите изјавуваат дека сепак ќе продолжат да бараат тела, додека им помагаат на истражителите да ја утврдат причината за уривањето на мостот.

Ќе се бара под урнатините се додека и самите не бидат сигурни дека нема останато ниеден настрадан, стои во изјавата на командирот на противпожарната единица, Стефано Занут.

Најверојатно причината за падот на мостот е попуштен бетонски носач на сајли, по што автомобилите, кои во тоа време се движеле, паѓале од 45 метри височина на патот под него.

Процедурата за одземање на концесијата на компанијата Аутострада која стопанисуваше со автопатот, веќе е започната соопшти Џузепе Конте. Официјалната бројка на настрадани во уривањето на мостот е 43 лица , а со тоа е прекината и потрагата.